Гувернерот на Централна банка на Албанија предупреди дека политичката криза може да се рефлектира врз економијата

Гувернерот на Централна Банка на Албанија Гент Сејко искажа загриженост во врска со  тензичната политичка ситуација во земјата и последиците  што таа може да ги предизвика врз албанската економија.

Сејко вели дека внимателно се следи политичката криза во која се наоѓа  земјата, зашто тоа директно ги погодува движењата во економијата.

-Не може да се занемари каква било тензија, дури и политичка, ако таа трае подолго и ескалира, зашто тоа има свои ефекти врз економијата. Центарлна банка  ќе продолжи да ги надгледува, да ги следи случувањата и сигурно ќе ги посочи доколку има влошување на економските показатели од политичката ситуација. Во моментов, се уште не сме евидентирале негативни показатели врз економијата од  политичката ситуација, изјави Сејко.

Падот на производството на електрична енергија во првите месеци од оваа година,според него, има влијание врз забавување на економскиот раст.

-Според расположивите податоци, стапката на економскиот раст се чини дека се забави малку во последните два квартала. Во голема мера, ова забавување е поради намаленото производството на електрична енергија и, според тоа, не се проценува дека ќе влијае на среднорочните трендови на раст, оценува Сејко.

Тој додава дека основната каматна стапка, која изнесува 1,0 проценти останува не променета.

Треба да знаете
Последни објави