– Ракометарите на Еурофарм Работник од Битола попладнево загубија на гостувањето во Ѓер од Грундфос Татабања со 30:27. Отпорот на битолчани траеше 40-минути кога тимот предводен од Стевче Алушовски му го препушти водството на унгарскиот тим.
Владислав Осторушко со девет голови беше најефикасен во тимот на Еурофарм.
Со овој дуел се комплетира последното, 6. коло во Б-групата од ЕХФ купот.
Табела: Татабања 9 бода, Хановер 7, Нексе 6, Еурофарм 2 бода.
Во четвртфиналето одат Татабања и Хановер.