Комичарот Зеленски освои најмногу гласови на претседателските избори во Украина

Комичарот Володимир Зеленски освои најмногу гласови на претседателските избори во Украина, но не доволно за да победи уште во првиот круг, покажуваат излезните анкети. Зеленски, според анкетите, освои 30,4 отсто од гласовите, додека на второ место е актуелниот претседател Петро Порошенко со 17,8 отсто од гласовите.Поранешната премиерка Јулија Тимошенко е на трето место со поддршка од 14,2 отсто од гласачите.

Ова се излезни анкети на 18.000 испитаници од околу 400 избирачки места. На изборите имаше 39 кандидати, а анкетите пред гласањето покажуваа дека Зеленски, актерот кој го игра претседателот во популарна комична серија, има најголема поддршка од гласачите.

Вториот изборен круг е планирано да се одржи на 21 април.

Украинската полиција соопшти дека примила повеќе од 1.600 жалби во врска со нерегуларностите на претседателските избори што се одржаа во земјата.

Треба да знаете
Последни објави