Моторџија тешко повреден во судир со „голф“

Моторџија бил тешко повреден во судир со автомобил, вчер во скопската населба Автокоманда, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 19.30 часот на крстосницата од булеварот Киро Глигоров со улиците 808 и 15 Корпус. Тогаш мопед „Јиндинг“  управуван од скопјанецот З.Р.(51)  се судрил со автомобил „фолксваген голф“ што го управувал Г.С.(52) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Р., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави