СДСМ бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали се сретнал со екс-премиерот, Никола Груевски за време на патувањето во Будимпешта.
„ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на ‘транзитно’ патување преку Будимпешта. Доколку се вратил Мицкоски од ‘транзитното’ патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски? Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска“, праша СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мицкоски бил со приватно возило во Виена и транзитно поминал низ Будимпешта.