Најлуксузниот хотел на Јадранот, Гранд хотел Парк Ровињ, утре треба да ги отвори вратите за првите гости. Со отворањето на овој хотел, Адрис група ќе ја комплетира луксузната туристички зона Монте Мулини.
Станува збор за едно од најлуксузните туристички летувалишта на Јадранското Море во близина на стариот дел на градот Ровињ, во кое досега биле вложени над 200 милиони евра.
Најголемиот дел од инвестицијата се однесува на хотелот Гранд Парк Ровињ, чија изградба започна во 2017 година.Хотелски проект беше прогласен за стратешки проект на хрватската Влада. Хотелот Град хотел парк има пет ѕвездички е дел од колекцијата Маистра која вклучува хотели од највисоката категорија.
Во проектот биле вклучени најдобрите домашни и меѓународни архитекти и дизајнери, а новиот хотел ќе отвори речиси триста нови работни места.