ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, а обичниот граѓанин се бори за парче леб

Македонскиот народ го прочита Зоран Заев и неговата Влада. За сите лаги ќе го казнат. Зоран Заев треба да знае дека македонскиот народ е честит, достоинствен, колку и да го корне, тегне, уништува тој повторно ќе изникне, тој е пиреј, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Правда отако СДСМ е на власт нема. Правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска обвинителството. Тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој заевизам ги игра куклите.

Фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, а обичниот граѓанин се бори за парче леб. Кланот Заеви секојдневно ги шири своите бизниси во соседството, со цел да ги избегне погубни политики на власта која тој ја предводи, а истовремено илјадници млади граѓани на Македонија ја напуштаат државата.

Република Македонија мора да се врати на вистинската патека, на економски просперитет и добробит за сите граѓани, на црнилата предводени од Зоран Заев мора да им се стави крај.

Затоа на 21 април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ дека се поразени и ќе се испратата во темната историја на Република Македонија“ се додава во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави