Камион прегазил 7-годишно дете на велосипед

Возач со камион удрил во 7-годишно дете на велосипед и тешко го повредил, вчера во скопското село Грчец.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во18.30 часот. Камион  „мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.(45) од селото Шишево, удрил во седумгодишникот од селото Грчец.

Детето се здобило со тешки повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави