Најмалку 20 луѓе загинаа во запален автобус во Перу

Најмалку дваесет лица загинаа, а осуммина се повредени откако двокатен автобус се запали во Лима, главниот град на Перу, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Очевидци изјавиле дека се запалил моторот, семстен во задниот дел на автобусот, по што огнот брзо се проширил во внатрешноста, објаснил за локалните медиуми, портпаролот Луис Meјиа.

Градоначалникот на Лима, Хорхе Муњоз, изјавил дека автобусот се запалил на станица која властите ја забраниле пред неколку недели, поради тоа што се наоѓа во близина на нелегална продавница која продава гориво.

„Се чини дека на вториот кат од автобусот, каде што биле поголемиот дел од жртвите, некој пренесувал гориво. Тоа е многу сериозна работа“, рекол Муњоз пред новинарите.

Властите во Лима не успеваат да воспостават контрола врз т.н. неформален сообраќаен систем, инаку хаотична мрежа на независни и неовластени комбиња и автобуси со кои секој ден се превезуваат милиони луѓе.

Пожарникарите утврдиле дека автобусот немал противпожарен апарат, ниту пак заштитна опрема.

Муњоз истакнал дека сопствениците на компаијата ќе бидат казнети.

Треба да знаете
Последни објави