Возач со комбе удрил во 8-годишно дете и тешко го повредеил, вчера во Прилеп.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 14.20 часот, на крстосница од улиците Војводинска и Ладо Ланецот. Кобме „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал С.Ѓ.(49) од Прилеп удрил во детето. Од ударот детето било тешко повредено по што било пренесено во Градската болница во Прилеп каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.