Двајца дилери на марихуана од Кавадарци биле уапсени во саботата вечерта откако полицијата кај нив пронашла марихуана, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Според Додевски, полицајците ја откриле марихуаната кај Н.А. (32) и Б.Г.(34) кои се движеле по улицата Ѓорѓи Соколов.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.