Во Скопје следната недела ќе биде отворен Центар за ученици со посебни образовни потреби кои следат редовна настава во основните училишта, во кој преку различни методи и игри на неформално образование ќе се запознаваат, ќе се социјализираат и ќе учат нови работи.
Во центарот ќе се реализираат тим билдинг активности за развој на тимски дух, учење преку игри и квизови, изработка на проекти, кратки глуми за развој на драмски способности, учење танци од различни култури, посета на зоолошка, театар и кино, изработка на различни производи (честитки, новогодишни украси, мартинки, велигденски украси, накит и слично).
Центарот е иницијатива од областа на социјално претприемништво „Ајде да се дружиме”, како дел од проектот „Вклучи се за промена!” на Здружение ЛЕАД, со поддршка од Агенција за млади и спорт.
Целата идеја и организација на проектот е реализирана од 10 ученици од училиштето САБА од Скопје каде е и локацијата на Центарот којшто ќе работи секој понеделник и четврток од 19 часот. Учеството е бесплатно