Јункер: Трпението на Еропската Унија кон Велика Британија е при крај

Европската Унија има многу трпение кон Велика Британија во однос на брегзит, но тоа е веќе при крај, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Во интервју за италијанската телевизија РАИ, тој рече дека би сакал Велика Британија да постигне договор во наредните часови и денови, објави „Ројтерс“.

„Знаеме, засега, зошто британскиот парламент вели не, но не знаеме за што можат да кажат да”, додаде претседателот на ЕК.

Прашан дали е возможен втор референдум во Велика Британија, Јункер рече дека тоа е прашање исклучиво за Британците.

Треба да знаете
Последни објави