Американскиот рапер Нипси Хасл (33), чие вистинско име е Ермијас Дејвидсон Есгедом, вчера е убиен во Лос Анџелес.
Убиството се случило во близина на седиштето на неговата компанија Маратон стор, а покрај него, повредени се уште две лица.
Осомничено е 20-годишно момче, кое, според наводите, одблизу пукал во Хасл, а потоа побегнал со автомобил управуван од неидентификувано женско лице.