Во хуманитарна кампања за помош на семејствата на жртвите од неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд учествувале луѓе од 139 земји.
Најмалку 50 лица беа убиени во терористичкиот напад што се случи на 15 март во две џамии во Кристчрч.
Истиот ден беше организирана хуманитарна кампања во која учествуваа 95.419 донатори од 139 земји.
Во кампањата се собрани 9,4 милиони долари кои ќе бидат поделени на семејствата на жртвите во нападот.