Компанијата „Коридори“ на Србија ги заврши сите работи за асфалтирање на автопатот низ Грделичка Клисура, а до крајот на април може да се очекува завршувањето на сите работи на оваа траса на автопатот, рече директорот на секторот за изградба на „Коридор“, Александар Сениќ.
„Иако денес е 1 април, тоа не е првоаприлска шега. Коридорите на Србија ја информираат јавноста дека сите асфалтни работи во Грделичка Клисура се завршени. Остануваат уште галеријата на косината 2 и опремувањеto на тунелиte, со тоа трасата на новиот автопат низ Грделичка Клисура ќе биде подготвена за пуштање во сообраќај”, рече Сениќ.
Тој додаде дека автопатот низ Грделичка Клисура е можеби најголемиот градежен потфат во овој век во Србија, потсетувајќи дека таа е долга 26,3 километри, со 33 мостовски конструкции, девет големи потпорни конструкции и десетици мали, но опфаќа и регулација на реката во должина од над четири километри.
Тој додаде дека се очекува дека до 30 април ќе бидат завршени сите работи на трасата на автопатот низ Грделичка Клисура, и дека потоа само ќе треба да се тестира опремата, и таа ќе биде подготвена за сообраќај.