СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(18) од тетовското село Озормиште, осомничен за три тешки кражби, една тешка кражба во обид и една кражба, и против Џ.И.(28) од тетовското село Голема Речица, за прикривање.
Истрагата утврдила дека крадците од 24. декември лани до 12 јануари годинава на подрачјето на Тетово, извршиле кражби во црква, болница и три угостителски објекти. А.З влегувал насилно и одземал пари, алкохолни пијалоци и телевизор, а потоа Џ.И. го купил телевизорот иако знаел дека потекнува од кривично дело.