Директорот на Општа болница Кавадарци и раководителот на раководител на заедничките служби во болницата ја злоупотребиле службата и ја оштетиле болницата за 322.962 денари.
Станува збор за О.А.(59) и З.Д.(65), двајцата од Кавадарци, осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување.
Истрагата утврдила дека во февруари 2016 година во Кавадарци, О.А. како вршител на должност директор во Општа болница Кавадарци, а второпријавениот како раководител на заедничките служби во болницата, за двајца вработени потпишале решенија за прераспоредување на работни места со повисока плата. Работните места не биле утврдени во постојниот правилник за систематизација на работните места во болницата, а исто така, за една вработена било донесено решение за надомест за плата, за што истата не ги исполнувала предвидените условите.
На овој начин пријавените овозможиле лицата да се стекнат со материјална корист од 322.962 денари на штета на Буџетот на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци.