Најмалку 27 лица загинаа, а над 400 се повредени при силна бура која ги зафати јужните делови на Непал. Полицијата соопшти дека доцна вчера пороен дожд со грмотевици ги зафатил областите Бара и Парса во јужниот и централниот дел на Непал. Земјоделската област се наоѓа на околу 120 километри јужно од Катманду.
Во двата реона загинале 27 лица, но бројот на жртвите може да се зголеми. Повредените биле веднаш хоспитализирани.
Во невремето биле искорнати дрвја, како и електрични и телефонски столбови.
Секоја година стотици луѓе умираат во Непал за време на монсунските дождови, кои предизвикуваат поплави и лизгање на земјиштето од јуни до септември.