Најмалку 40 лица се повредени во директен судар на трамвај и тролејбус во чешкиот град Брно.
Противпожарната служба соопшти дека сударот се случил на прометна улица и дека повредените патници се од тролејбусот, додека трамвајот бил празен и во него се наоѓал само возачот.
Во тек е истрага за причините за несреќата.