Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсотза запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе биде на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 19 јуни.
Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.
Податоци за слободни места по паралелки и наставен јазик за сите училишта во државата, како и информации за потребните документи и условите и критериумите за упис се содржани во Конкурсоткој МОН го објави на својата веб-страница.