Пет промени во исхраната кои ќе го поправат вашето расположение

Доколку ве мачи недостаток на мотивација и ентузијазам, доколку повеќе не можете да им се радувате на ситниците, можете да се обидете да го промените ова со воведување на мали промени во исхраната.

 

Начинот на живот и исхраната значително влијаат на нашето расположение, а студиите покажуваат дека постои директна врска помеѓу тоа што го јадеме и како се чувствуваме. За среќа, постојат многу намирници кои можат да ни ја поправат емотивната и општата состојба на организмот, така што ќе ни ги пружат сите неопходни нутриенти кои му се потребни на нашиот организам за создавање на невротрансмитери задолжени за добро расположение.

Ова се шест здрави навики во исхраната кои можат да го променат вашиот „поглед кон светот”.

Избегнувајте преработена храна

Стабилното ниво на шеќерот во крвта е еден од наједноставните начини да го подобрите расположението. Ова значи дека би требало да избегнувате преработени јаглехидрати, сокови, зашеќерени напитоци, а оброците нека бидат базирани на протеини, здрави масти (авокадо, маслинки, јаткасти плодови, семки, масна риба) и зеленчук кој е богат со антиоксиданси.

Не се плашете од мастите

Доколку си ги кратите здравите масти, може да очекувате ова да остави последици врз вашиот мозок, концентрацијата и расположението. Здравите масти се неопходни, па обидете се во исхраната да воведете повеќе извори на здрави масти, како на пример маслиново масло и сина риба – сардини, скуша, лосос, јаткасти плодови, ленено семе и чиа семе.

 

Пијте зелен чај

Кога сте под стрес, зелениот чај е најдобар избор. Содржи можни антиоксиданси, како и Л-теанин кој ги поправа концентрацијата и фокусот.

Јадете намирници богати со витамин Д

Ниското ниво на витамин Д понекогаш е виновник за лошото расположение. Хроничниот недостаток на витамин Д може да води и кон депресија. Затоа, важно е да внесувате доволно од овој витамин, а намирниците кои се најдобар избор се телешкиот џигер, шитаке печурки, полномасно млеко, јогурт, сок од портокал, тврди сирења.

Не заборавајте на магнезиумот

Доколку ни недостасува магнезиум, тоа ќе се одрази и на нашата ментална состојба. Магнезиумот помага калциумот во нашиот мозок да се одржи на здраво ниво. Доколку сте под стрес и доколку тензијата е ваше секојдневие, доколу ве мачи анксиозност, без магнезиум клетките на вашиот мозок неповратно пропаѓаат.

На трпезата редовно би требало да имате спанаќ, ореви, интегрални житарки, бадеми, индиски ореви, кикирики, грав… Магнезиумот е присутен и во компирот, бананите, лососот, млекото, пилешкото, говедското, брокулите, јаболката и морковот.

Треба да знаете
Последни објави