Тешко повреден охриѓанец кој со автомобил излетал од пат

Охриѓанец бил тешко повреден кога управувајќи автомобил „југо“ излетал од патот и се превртел. Според полицијата, сообраќајката се случила вчера во 19.50 часот на локалниот пат од охридското село Вапила – село Косел, кај месноста „Лозја“. Автомобил „југо корал 55“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.В.(74) од Охрид, изгубил контрола и излетал од патот.

Од ударот возачот се здобил со тешки повреди и му била укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави