МЗТ Скопје вечерва во Копер доживеа убедлив пораз со 93-71 (53-38) од Приморска во финалната плејоф серија во втората АБА лига.
На тој начен словенечкиот тим поведе со 1-0 во серијата, која се игра во три добиени меча.
Тимот од Аеродром одигра слабо прво полувреме, откако инкасираа цели 53 поени, а по третиот дел разликата веќе беше +22 за домаќините (76-54). Избраниците на Ѓорѓи Кочов немаа ниту шанса за камбек и резултатски пресврт и на крајот логично запишаа убедлив пораз.
Ленс Херис од Приморска ја заврши средбата со 24 поени, додека Иве Иванов со 13 поени беше најпрецизен во тимот на МЗТ.
Вториот меч од финалната серија се игра утре со почеток во 20 часот, повторно на теренот на Приморска