Концептот на јавно-приватно партнерство значи еден концепт, со кој ние сакаме да го зајакнеме системот на јавно здравство, но и порационално да се трошат средства, рече Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на Штип.
Концептот за јавно приватно партнерство почнува со физибилити студии, во кои детално ќе се дадат финансиите, но и ќе се даде здравствен аспект. Овие физибилити студии ќе се работат веднаш по спроведувањето на Претседателските избори. Филипче забележа дека веќе се собрани сите анализи, за постпаки за предфизибилност.
-Не треба да се мешаат концептите за јавно-приватно партнерство и регионализација. Јавно-приватно партнерство значи дека ги отвараме вратите за приватното здарвство. Таму каде што има физибилност, да инвестираат, да Фондот за здравствено осигурување и целокупниот здарвствен систем се насочи кон купување на здравствени услиги, каде што тоа е најстручно и најефтино за нашите пациенти. Тоа не значи дека пациентите ќе плаќаат пари од џеб. Системот за плаќање ќе остане комплетно ист. Сакаме тие пари, кои што ќе се ослободиме од непотребните трошоци, непотребно менаџирање на згради, инвестирање, таму каде што се создаваат долгови. Ние да се ослободиме од тој систем, вели Филипче.
Тој истaкна дека регионализацијата значи дека една болница ќе ги покрие услугите за цел регион, како што рече, нашата земја е премногу мала за да се понуди соодветно ниво на експертиза во повеќе дисперзирани здравствени установи, вклучувајќи ги и болниците.
-Еве Штип следната година ќе биде најмодерната болница во земјава. Тука мора дa се посветиме и ние за да ја надградиме и експертизата и луѓето, што ќе работат се со цел тие капацитети рационално да се искористар, појасни Филипче.