Филмови од шпанските режисери Луис Гарсија Берланга, Карлос Саура и Луис Буњуел ќе бидат прикажани на „Скопје филм фестивал класик” од 5 до 10 април во Кинотека.
Од Буњуел ќе бидат прикажани неговите антологиски остварувања „Симон столпникот”, „Тој мрачен предмет на желбата”, „Тристана”, „Ангел истребувач”, „Виридијана” и „Дискретниот шарм на буржоазијата”.
Од Берланга на програмата се насловите „Пласидо”, „Џелат” и„ Бикчето”, а од Саура ќе бидат прикажани „Фламенко, Фламенко”, „Танго”, „Гоја во Бордо” и „Змија в пазуви”.