Озлогласениот логор на смртта во Аушвиц, кој долго време беше магнет за ловци на сувенири, доживеа уште еден напад, овој пат извршен од американски државјанин, кој се обидел да украде дел од железничките пруги.
37-годишен американски турист, кој бил во посета на концентрацискиот логор „Аушвиц-Биркенау“, бил фатен додека се обидувал да замине со дел од железничките пруги, користени кога жртвите од холокаустот биле донесени таму во возила за стока. Човекот бил фатен на лице место од чуварите, кои потоа ја известиле полицијата.
Портпаролот на полицијата соопштил дека потенцијалниот крадец ја признал својата намера и сега чека обвинение за обид за кражба на предмети од културно значење, за што казната затвор е до 10 години.
Озлогласениот локалитет е претворен во музеј и се бори за заштита на своите бројни историски артефакти од неконтролираното крадење на туристите.
Во јули минатата година двајца унгарски туристи беа обвинети за обид за кражба на тули од поранешниот крематориум, каде што Евреите и другите затвореници биле горени до смрт за време на Втората светска војна.