Неодамна на интернет се појави видео кое прикажува дрон во лет опремен со пушка, што во еден момент соборува друго беспилотно летало.
Станува збор за мал дрон чија намена е да елиминира непријателски летала. Неговиот развој започнал во 2016 година, а конструиран е од страна на група студенти од Институтот за авијација во Москва.
Според веб-страницата Defence.ru, студентите конструирале механизам за стабилизирање кој овозможува подобрена прецизност кај леталото. Рускиот производител на оружје „Алмаз-Антеј“ потоа го патентирал дизајнот и направил прототип.
Дронот е опремен со полуавтоматска пушка Вепр-12, а со неа се управува со помош на визир кој го носи корисникот кој управува со леталото. Истото полетува вертикално и може да остане во воздух до 40 минути, а е дизајнирано за оневозможување на непријателските беспилотни летала.
Како сето тоа функционира може да се види во видеото кое прикажува како дронот уништува балон и авион на далечинско управување.