Жена од скопското село Сарај пријавила дека синоќа била претепана од нејзините двајца браќа.
Според полицијата, М.Е.(35) од селото Сарај, околу 21 часот во Полициското одделение Сарај, пријавила дека во дворот од семејната куќа во селото била нападната од нејзините браќа Д.И.(32) и Е.И.(25).
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.