Донатори од 139 земји ја поддржаа кампањата за помош на жртвите на Нов Зеланд

Во хуманитарна кампања за помош на семејствата на жртвите од неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд учествувале луѓе од 139 земји.

Најмалку 50 лица беа убиени во терористичкиот напад што се случи на 15 март во две џамии во Кристчрч.

Истиот ден беше организирана хуманитарна кампања во која учествуваа 95.419 донатори од 139 земји.

Во кампањата се собрани 9,4 милиони долари кои ќе бидат поделени на семејствата на жртвите во нападот.

Треба да знаете
Последни објави