Збирката раскази „Сите наши тела“ од Георги Господинов е објавена на македонски јазик во издание на „Или-или“. Преведувачот од бугарски на македонски Душко Крстевски наведува дека расказите може да се наречат микрораскази – кратки и секавични, по примерот на едноминутните новели на Иштван Еркењ и приказните на Хармс.
Книгите на Господинов се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“, „И други приказни“ и збирката песни „Балади и распади, сите во превод на Никола Маџиров. Неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“, и збирката раскази „И сè стана месечина“ се во превод на Душко Крстевски.