САД ѝ се закануваат на Русија дека ќе плати поради Венецуела

САД ќе ја присилат Русија да „плати” за поддршката што ја испраќа на актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро, рече специјалниот пратеник на САД за јужноамериканската земја, Елиот Абрамс.

Тој, исто така, оцени дека Москва и Хавана се главните партнери на претседателот на Венецуела.

„Никој не се сомнева дека ќе ја присилиме Русија да плати за поддршката на Венецуела”, рече тој.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп побара од Русија да ги повлече своите воени експерти кои во моментов се наоѓаат во Венецуела.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека овие воени експерти во Венецуела се задолжени за одржувањето на воената технологија.

 

Треба да знаете
Последни објави