Министерството за труд и социјална политика (MТСП) соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 8 април 2019 година (понеделник), Меѓународниот ден на Ромите, е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во државава.
Воедно, МТСП на граѓаните припадници на ромската заедница им го честита Меѓународниот ден на Ромите.