Студенти од Универзитетот на ЈИЕ на практична настава во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје неодамна потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел размена на искуства, знаења, едукација, како и практична настава на студентите и усовршување на кадри од различни области.

Во таа насока, шест студенти од овој Универзитет денеска започнаа со практична настава во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, каде што во текот на овој месец ќе бидат ангажирани во Секторот за финансии и Секторот за поддршка на менаџментот.

„Од овие млади луѓе очекувам позитивен придонес во работата на Претпријатието, преку  иновативни идеи и учество во нашите активности за подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.“ – изјави  директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Треба да знаете
Последни објави