Денот на шегата традиционално најинтересен за најмладите. Тие денес во градинките и училиштата се појавија маскирани во најпопуларните ликови. Априлијадата се обележа и во општина Бутел.
Детскиот културен центар „Карпош“ на плоштадот Македонија во Скопје организира детска журка Априлијада „Скопје се смее“, за сите училишта, градинки, деца и тинејџери.
„Забава со маски, песнички, игри, забава со модерен балет, Златно славејче, танцови групи од основните училишта, фотографирање на голем фото ѕид заедно со супер хероите Спајдермен, Ајронмен, Супермен, Бетмен“- велат организаторите.
фото: Слободан Ѓуриќ