Шарени маски и насмевки во паркот Шопен во Кисела Вода

По повод Денот на шегата голем број дечиња од детските градинки и ученици од основните училишта во општината Кисела Вода беа маскирани во нивните омилени ликови од цртаните филмови. Дечињата донесоа многу насмевки во паркот Шопен, во Општина Кисела Вода. Настанот со прекрасно изработени маски го збогатија и децата од ДУРДМОВ „Димитар Влахов”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот, Александар Алексовски во паркот ја проследија забавната програма која се одржа со поддршка од локалната самоуправа.

Треба да знаете
Последни објави