Нафтеното исламско кралство Брунеи, од неделава ќе започне со примена на нов кодекс на однесување, кој предвидува и казни со каменување за неверство и содомија и им овозможува на судовите да ги казнат крадците со сечење на нивната десна рака, како одраз на конзервативната влијание во исламската Југоисточна Азија.
Оние коишто ќе бидат фатени како крадат по втор пат, ќе им биде отсечено левото стапало, се наведува дел од исламските закони објавени на веб-страницата на владата во Брунеи. Тие, исто така, ја одобруваат смртната казна за изведување на одредени видови на црна магија.