(Видео) Пендаровски во Центар: За две години успеавме да ја извадиме државата од калта

За само две години успеавме да ја извадиме државата од калта и да ја поставиме на прав пат кој води кон напредок и интеграција, порача заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на отворена трибина со граѓаните на општина Центар.

„Денешната посета на Скопје на целиот државен врв на Грција, придружуван од 100 стопанственици, што се случува за првпат во 28 години е доказ за исправноста на политиките на Владата и доказ за успешноста на намерата, државата да биде дел од нормалниот демократски свет. Тоа е патот на кој две години покажуваме. Пријателствата носат економски придобвики за сите граѓани“, истакна Пендаровски.

Во разговорите со присутните граѓани, тој нагласи дека државата нема алтернатива освен да продолжи напред по патот на интеграција, напредок и интеграција.

„Се друго е враќање назад во темното минато, во кое никој не би сакал да се врати. Затоа, да ја искористиме шансата, да продолжиме напред, заедно напред“, повика Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави