Иранската влада денеска нареди евакуација на 70 села во јужната богата со нафта провинција Кузестан, поради ризикот од поплави.
Овие села се наоѓаат во близина на реките Дез и Карк.
Најмалку 47 лица загинаа во последните две недели во поплавите што погодија неколку ирански провинции од север кон југ од земјата по најобилните врнежи во изминатите 10 години.
Во некои провинции е прогласена итна ситуација, а десетици илјади луѓе мораа да се евакуираат.
Локалните власти во Техеран апелираат до граѓаните да не се приближуваат до реките и областите во близина на брани.