Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, по победата над Њукасл рече дека во тимот се задоволни што конечно го поминаа Тотенхем.
– Се разбира, ние сме задоволни што сме пред Тотенхем. Заслужено ги освоивме бодовите и се искачивме на 3.место. Ќе се обидеме до крајот да освоиме што повеќе бода и да ја задржиме позицијата, изјави Озил.
Арсенал синоќа на „Етихад“ во Лондон во 32. коло од Премиер лигата го совлада Њукасл со 2:0 со головите на Ремзи и Лаказет.
На табелата води Ливерпул со 79 бода и натпревар повеќе од ривалите Манчестер сити кој има 77 бода, Арсенал е трет со 63, Тотенхем и Манчестер јунајтед имаат по 61, Челзи 60.