Петмина полицајци завршиле во болница откако се задушиле со чад во фабрика за пластика информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 23.40 часот во фабрика за пластика во село Трубарево.
Поради задушување од чад, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле пренесени пет полициски службеници на кои им била укажана лекарска помош и биле пуштени на домашно лекување. Во 6.50 часот на 02.04.2019 пожарот бил изгаснат од страна Бригадата за противпожарна заштита.