Повторно тензии во Кашмир, седуммина мртви

Пакистанските и индиските војници повторно разменуваа оган во спорната област Кашмир, при што седум лица загинаа, вклучувајќи и едно девојче, велат официјалните претставници.

Тензиите меѓу двете нуклеарни сили беа засилени по самоубиствениот бомбашки напад во индискиот дел од Кашмир во февруари, при што загинаа 40 индиски војници.

Тројца пакистански војници, жител на едно село, жена и девојче од Индија и еден член на индиските паравоени сили загинаа во судирот, јавуваат АП.

Пакистанската армија објави дека индиските сили пукале во текот на ноќта на нејзините позиции во пограничниот град Рахчакри, кој се наоѓа во делот на Кашмир контролиран од Пакистан.

Во соопштението се додава дека пакистанските војници „ефикасно одговорија”.

Еден претставник на пакистанската полиција соопшти дека 70-годишен жител на едно село во областа на Нијаза Пер е убиен во судирот.

Од друга страна, индиската армија ги обвини пакистанските сили дека истрелале гранати по должината на контроверзната граница што го погодија Пунц, во делот на Кашмир контролиран од Индија.

Индиската полиција вели дека биле ранети 18 цивили и 5 војници.

Треба да знаете
Последни објави