Португалски авион го наруши финскиот воздушен простор

Според финското Министерство за одбрана, португалски авион за надзор го нарушил воздушниот простор на оваа нордиска земја.

Авионот го нарушил воздушниот простор во понеделникот во 6 часот, југозападно од главниот град Хелсинки, изјави заменик-министерот Нина Хирски.

Хирски одби да соопшти повеќе детали, но рече дека финската гранична стража работи на расветлување на инцидентот, објави АП.

Портпаролот на португалските воздухопловни сили, потполковникот Мануел да Коста, за АП изјави дека финските власти ја известиле Португалија за нарушувањето на воздушниот простор и дека официјалните претставници веќе работат на тоа.

Тој рече дека португалскиот надзорен авион П-3, кој моментно е стациониран во Полска, учествува во патролите на НАТО задолжени за одбрана на источниот дел на блокот од потенцијалната руска агресија.

Португалија е членка на НАТО, но Финска не е. Во минатото, двете земји учествуваа во заеднички воени вежби.

Треба да знаете
Последни објави