Совет на Европа: Србија треба да ги имплементира препораките на ГРЕКО

Целокупното ниво на усогласеност на Србија со препораките на антикорупциското тело на Советот на Европа, Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) за спречување на корупцијата меѓу на пратениците, судиите и обвинителите веќе не е „глобално незадоволително”, но земјата мора да ги имплементира нејзините препораки, се вели во новиот извештај на Советот за Европа објавен денеска.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, во извештајот се посочува дека ниту една од 13-те препораки на ГРЕКО за Србија не била имплементирана на задоволителен начин, но пти сепак е постигнат напредок по три од нив, што се однесуваат на воведување на правила за пратениците за интеракција со лобисти, разгледување на системот на оценување на судиите и за реформата на постапката за избор и унапредување на јавните обвинители и нивните заменици.

Во моментов, десет препораки содржани во извештајот за евалуација за 2015 година се делумно спроведени, додека три не се имплементирани.

Во однос на членовите на Парламентот направен е важен чекор напред со усвојувањето на новиот Закон за лобирање, се вели во извештајот. Ако се спроведе како што е предвидено, овој закон ќе претставува чекор напред во зголемување на транспарентноста на контактите на пратениците со лобистите.

Сепак, според ГРЕКО потребна е поодлучна акција како приоритетно усвојување на кодекс на однесување за пратениците, како и понатамошни мерки за подобрување на транспарентноста на законодавниот процес, за да се овозможат соодветни временски рамки и дебати за нацрт-законот и да се избегне употреба на итни законски процедури, освен во исклучителни околности.

Што се однесува до судиите и обвинителите, ГРЕКО забележува дека во тек се уставни реформи, што ќе има влијание врз неколку препораки. ГРЕКО е загрижен за прилично загрозеното опкружување во кое се одвиваше процесот на консултации со разни невладини организации, вклучително и Здружението на судии и обвинители, да се повлече од процесот и критиката не само на овие организации, туку и на Консултативниот совет на европски судии за некои аспекти на нацрт-уставните амандмани.

– Со оглед на важноста на реформите и покрај позитивното мислење на Венецијанската комисија, ГРЕКО може само да ги охрабри српските власти да не штедат напори за да обезбедат дека овие уставни амандмани имаат најширока можна поддршка, се наведува во извештајот.

ГРЕКО, исто така, очекува да се подобри системот на оценување на работата на судиите.

На крај, во однос на нацрт-законот за спречување на корупцијата, чие усвојување е императив за промена на правилата за судир на интереси и сродни прашања што се однесуваат на пратениците, судиите и обвинителите и за зајакнување на улогата на Агенцијата за борба против корупцијата, ГРЕКО го поздравува развојот на нацрт-законот и обезбедувањето експертиза за овој нацрт.

Бидејќи на ГРЕКО не му бил обезбеден текстот на овој предлог-закон и бидејќи нацртот се уште е предмет на понатамошни измени, не може да се заклучи дека е постигнат доволен напредок во тој поглед, се заклучува во извештајот.

Треба да знаете
Последни објави