Средба Темелковски-Трпевска, директор на „Технолаб”

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со Магдалена Трајковска Трпевска, директор на „Технолаб” ДОО Скопје, фирма која го изработи катастарот на загадувачи за Кисела Вода.

На состанокот претставниците од „Технолаб” го информираа градоначалникот за изработениот катастар на загадувачи кој за општината е од големо значење.

Градоначалникот Темелковски се интересираше за добиените резултати од катастарот, се со цел за превенција и намалување на загадувањето во Кисела Вода.

Имено, неодамна согласно Законот за животна средина локалната самоуправа во соработка со „Технолаб” ДОО Скопје изготви катастар на загадувачи за интерна потреба. Истиот содржи податоци за деловните субјекти кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на територијата на општината.

Треба да знаете
Последни објави