СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(29) од село Горно Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“. На 26.01.2018 во Тетово, пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала сексуални услуги, по што парите му ги предала на пријавениот.
На овој начин, пријавениот во неколку наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги, по што таа го пријавила во Полициското одделение Теарце.