Алжирскиот претседател, Абделазиз Бутефлика, поднесе оставка пред истекот на неговиот мандат на 28 април, објави неговата канцеларија.
Тој претходно ќе преземе мерки за да го осигура континуитетот на фунционирањето на државните институции за време на преодниот период, се наведува во соопштението и се додава дека оставката ќе следи по 28 април.
Бутефлика се соочува со протести од средината на февруари, кога најави нова кандидатура за претседателските избори. Алжирскиот претседател (82), кој е на власт од 1999 година, имаше мозочен удар во 2013 година и оттогаш се движи и зборува потешко, па тој дури и не се појавува во јавност. Тој владееше со Алжир 20 години.