Брегзит без договор е многу веројатен, но се уште би можел да се избегне, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мајкл Барниер. Според него, долгото продолжување на сегашниот датум, 12 април, за излез на Велика Британија од ЕУ, носи значителни ризици за ЕУ и дека ќе треба силно оправдување од другата страна, пред да се согласи Унијата.
За денеска се закажани разговори во кабинетот на британската премиерка Тереза Меј, за справување со ќор-сокакот. Пратеницитеја отфрлија царинската унија со ЕУ, додека предлогот за нов референдум доби најмногу гласови ЗА, но сепак пропадна. Синоќа пратениците гласаа за четири алтернативи на договорот за повлекување на премиерот, но никој не доби мнозинство.
Министерот за брегизт, Стивен Баркли изјавил дека договорот на Меј е единствениот пат напред со оглед на неможноста Парламентот да најде мнозинство за алтернативен аранжман, пренесе Ројтерс.
Според Баркли, почетната позиција ја повикува Британија да ја напушти ЕУ за 11 дена и доколку парламентот се согласи со договорот за повлекување, можно е Велика Британија да ја напушти Унијата без учество на европските избори на крајот на мај.