Воспитувачка во градинка во Кина отрула 23 деца

Во кинеската покраина Хенан уапсена е воспитувачка во градинка откако е соопштено дека наводно отрула 23 деца, ставајќи нитрит во нивната храна, јави Би-Би-Си.

Едно дете сè уште е на лекување, а седум деца се задржани во болница заради набљудување. Останатите 15 се на домашна нега.

Според локалните медиуми, жртви на труење се деца кои ја посетувале градинката Менгменг во градот Јиаозуо. Тие се разболеле откако во среда изутрина јаделе каша во градинката.

Полицијата спроведе истрага по масовните заболување на децата во градинката и утврди дека воспитувачката Ванг ставила нитрит во кашата.

Според американските Центри за контрола и превенција на болести, нитритот е спој кој може да биде канцероген, а кој се користи во ѓубрива, конзервирање храна и при изработка на муниција и експлозив. Конзумирањето нитрит во големи количини може да доведе до зголемен број отчукувања на срцето, главоболка, повраќање, па и смрт. 

Треба да знаете
Последни објави