Врховниот судија на Венецуела, Мајкел Морено ги повика провладините пратеници да го одземат имунитетот од кривичното гонење на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.
Барањето кое судијата на Врховниот суд го поднесе вчера претставува преземање понатамошни чекори во прогонот на Гуаидо за наводни криминални активности. Морено побара од Националното уставотворно собрание кое го поддржува претседателот Николас Мадурода го укине имунитетот што го има Гуаидо како член на Националното собрание на Венецуела.
Официјални лица, лојални Мадуро претходно соопштија дека Гуаидо е под истрага поради поттикнување на насилство и примање незаконски средства.
Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела, што беше поддржано од околу 50 земји, меѓу кои и САД. Морено е политички сојузник на Мадуро.